Штипјанец крадел во цркви во Битола, Прилеп и Крушево

По преземени мерки и активности, на 29.12.2022 во Демир Хисар, полициски службеници од ОВР Демир Хисар го лишиле од слобода Т.Б.(52) од Штип.

Тој се сомничи дека извршил 12 кривични дела „тешка кражба“ во цркви на подрачјето на Битола, Демир Хисар, Прилеп и Крушево.

Тој бил задржан во полициска станица и во службен разговор ги признал делата.

Против него, до ОЈО Битола е поднесена кривична пријава по член 236 од Кривичниот законик.