Полицаец повреден во сообраќајка во Центар

На 29.12.2022 во СВР Скопје било пријавено дека во 20.45 часот на ул.„Владимир Положановски“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.Б. (33) од Скопје и патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на МВР, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во незгодата со повреди се здобил полицискиот службеник, кој го управувал возилото, констатирани во Градска општа болница „8 Септември“.

Увид извршила екипа од СВР Скопје.