Приведени двајца неготинчани, ќе одговарат ли за кражба на 3,5 тони турбинско масло од ТЕЦ „Неготино“

Две лица се приведени за кражба на турбинско масло во ТЕЦ „Неготино“, соопшти денеска полицијата.

Одделението за внатрешни работи од Неготино поднесе кривична пријава против Д.Д.(40) и Р.Ј.(63), двајцата од Неготино, поради основано сомнение за сторено кривично дело „кражба”.

-Пријавените биле вработени во АД „ТЕЦ Неготино” и во јуни годинава во повеќе наврати преточувале турбинско масло од резервоар од кругот на АД „ТЕЦ Неготино”, по што Д.Д. со своето возило во пластични туби го носел во својот дом, се наведува во соопштението.

Во информацијата на полицијата не се наведува за колкаво количество украдено турбинско масло станува збор. Инаку, јули годинава МВР соопшти дека им била пријавена кражба на 3,5 тони турбинско масло од оваа централа.

-На ден 13.07.2022 година во 12 часот, од страна на лицето Н.А  е пријавено дека во кругот на АД ТЕЦ „Неготино“, има кражба на турбинско масло, кое било складирано во резервоар и тоа по нивно интерно мерење, недостасуваат 3500 литри  турбинско масло, соопштија тогаш од СВР Велес.

Претходна вестПронајдено починато лице со видливи повреди во скопски Центар
Следна вестАпел на РСБСП: За време на празниците возете безбедно