Пронајдено починато лице со видливи повреди во скопски Центар

Починато лице е пронајдено во напуштена куќа во скопската општина Центар. Куќата се наоѓа во близина на „Адвокатската“ улица.

Како што соопшти МВР, случајот е пријавен утринава во 07:45 часот.

На терен излегле полициски службеници, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.

Известен бил јавен обвинител по чија наредба телото ќе биде предадено за обдукција, а се работи на расчистување на случајот.

Претходна вестИзгаснат пожарот во Ѓорче Петров, нема повредени ниту жртви
Следна вестПриведени двајца неготинчани, ќе одговарат ли за кражба на 3,5 тони турбинско масло од ТЕЦ „Неготино“