Листа на српски магазин „Недељник“: Илија Гечев е единствен милијардер во Македонија

Сопственикот на компанијата „ИГМ трејд“ од Кавадарци Илија Гечев има проценето богатство од над милијарда евра со што е единствен милијардер во Македонија. Ова го објави српскиот магазин „Недељник“ кој првпат ја состави листата на 100-те најбогати луѓе во регионот. Обој магазин наведува дека листата не покажува колку пари имаат бизнисмените на сметките, туку колку вредат нивните компании и колку пари потенцијално би можеле да добијат ако ги продадат денес.

Гечев се наоѓа на 18. место на оваа листа, со проценето богатство од 1.054.946.440 евра и со што тој е единствен на листата од 18 милијардери кој не е Хрват или Србин.

„ИГМ трејд“ постои од 1994 и важи за една од најголемите извозни компании во Македонија. Произведува челични и заварени цевки и профили и во оваа област е една од најголемите фирми во југоисточна Европа.

Листата од 10 балкански милијардери ја предводи Дубравко Гргиќ, водечкиот акционер на „Аграм група“ со богатство од 2,840 милијарди евра, а по него се Миодраг Костиќ со 2,779 милијарди евра и Мирослав Мишковиќ која има само 120.000 евра помалку. Четврти на списокот се Славко и Роберт Кутиќ и Изабел Јелиниќ од компанијата „Инфобип“ со богатство од 2,500 милијарди евра.

Петти на списокот е Мате Римац, „Римац група“ со богатство од 2,270 милијарди евра. Шести е Емил Тодески од „Атлантис груп“ кој поседува 1,600 милијарди евра.

По него следуваат Петар Матијевиќ, МИ „Матијевиќ“ со богатство од 1,597 милијарди евра, Дејан Чакајиќ и Јадранка Степановиќ, „Моцарт“ со богатство од 1,334 милијарди евра и Драган Шољак од „Инитед груп“ со богатство од 1,335 милијарди евра.

Десетти на списокот е Миле Ќурковиќ од компанијата „Флодине“ со богатство од 1,313 милијарди евра.

Меѓу милијардерите се уште и:  Филип Цептер сопственик на „Цептер интернационал“ со 1,300 милијарди евра, Иван Жапчиќ и Марко Вуковиќ „ХС Продукт“ со 1,286 милијарди евра, Љубиша Крстајиќ „Карсима хотел и ресорт“ (1,208 милијарди евра), Станко Поповиќ „Еликсир груп“ (1,166 милијарди евра), Павао Вујановиќ „Енергија натуралис“ (1,150 милијарди евра) како и Бранислав и Драган Стојановиќ, „Спорт висион“ со богатство од 1,108 милијарди евра и Петар Матиќ „МПЦ Холдинг“ со богатство од 1,096 милијарди евра.

„Недељник“ ја состави листата на 100-те најбогати луѓе во регионот во соработка со две реномирани консултантски фирми кои работат на њујоршката берза.

Претходна вестЈЗУ „Здравствен дом на Скопје“: Во новогодишната ноќ ќе се дежура во седум поликлиники
Следна вестКамион тешко повреди девојка во Карпош