Камион тешко повреди девојка во Карпош

Со тешки телесни повреди се здобила девојка од Кавадарци во сообраќајна несреќа што се случила вчера во скопската општина Карпош.

МВР информира дека вчера во 09.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Московска“ со ул.„Прашка“ во Скопје, товарно моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ш.С.(20) од с.Сарај, скопско, удрило во З.Г.(23) од Кавадарци.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила З.Г. констатирани во Градската општа болница “8-ми Септември“. Извршен бил од увидна екипа од СВР Скопје, се наведува во соопштението.

 

Претходна вестЛиста на српски магазин „Недељник“: Илија Гечев е единствен милијардер во Македонија
Следна вестМЗТ Скопје со нов тренер на гостување кај Цибона