Вчера, доцна попладнето се одржа ждрепка за Лигата на нации. Избраниците на Благоја Милевски имаат група каква што можеа само да посакаат.
Македонија е во Лига Ц, а се најде во Групата Ц4. За противници ќе ги има селекциите на Ерменија, Фарски Острови и Летонија. Ова се секако противници по мерка и се освен прво место во групата би претспавувало големо разочарување.
Воведното коло ќе се игра на почетокот на септември, а завршното во ноември. Четвртфиналните дуели се на програмата од 20 до 25 март, а завршниот турнир од 4 до 8 јуни 2025 година.
Лигата на Нации стартува во септември, а тој месец на 7-ми Македонија стартува со натпревар на гости против Фарски Острови. Последниот натпревар го играме на 11-ти ноември исто така против Фарски Острови, но на домашен терен.