И на 1 Мај полицијата „празнично“ делела казни за недисциплинираните возачи во скопско. Изречени се вкупно 170 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 84 санкции, 11 за возење без возачка дозвола, пет за нерегистрирани возила.
Изречени се 45 санкции за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, три за користење мобилен телефон, две за некористење сигурносен појас и три санкции за непрописно паркирани возила.
Од МВР уверуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.