Пред 78 години Советската армија го ослободи Аушвиц, најлошото место во историјата на човештвото

Денеска е Ден на сеќавање на Холокаустот. Избран е 27 јануари затоа што на тој датум во 1945 година, Црвената армија на Советскиот Сојуз го ослободила логорот Аушвиц, каде што пронашла околу седум илјади преживеани меѓу кои и 700 деца. Русите и другите народи во Советскиот сојуз со тоа ставија крај на еден од најлошите ужаси во историјата на човештвото. Ужаси започнати од тогашниот германски фашизам кој траеше цели илјада и 689 дена, при што повеќе од милион луѓе, главно Евреи, беа индустриски убиени.

Аушвиц всушност бил дел од комплексот логор кој нацистите го изградиле во окупирана Полска со намера да ги истребат сите Евреи во Европа. Ова беше една од идеите на нацистичкиот водач Адолф Хитлер.

Аушвиц е директен резултат на нацистичката идеологија, која ги стави нацијата и расата над сè друго и сметаше дека одреден број народи не само што се помалку вредни, туку и се закана за „ариевската расна чистота“. Според тоа, Аушвиц беше класична реализација на идеите на нацизмот.

Аушвиц се карактеризира и по тоа што нацистите смислиле систем за масовно убивање со отровен гас, а многу затвореници од овој концентрационен логор биле испратени директно од возовите, кои доаѓале од цела Европа, во гасните комори, каде што би биле отруени. После тоа, нивните трупови биле запалени во специјално изградени крематориуми.

Од 1942 година до крајот на 1944 година, 1,3 милиони луѓе биле однесени во Аушвиц, од кои 1,1 милион биле убиени. Најмногу Евреи (околу 960 илјади) и Полјаци (74 илјади), Роми (21 илјади), советски затвореници (15 илјади).

Инаку, освен Аушвиц тогаш биле организирани и неколку други такви логори во кои пострадале многу луѓе.

 

Претходна вестПриведен маж, се заканувал со пиштол поради недоразбирање во сообраќајот
Следна вестАкадемија Пандев со убедлива победа против Раднички Ниш