Како што повеќе се зборува и ветува дека ќе се намали така таа повеќе се зголемува. Се работи за државната администрација, за вработените во јавниот сектор за кои и во тековната изборна кампања пак слушаме дека ќе се намалува. Вчера такво ветување дојде од лидерот на владечаката партија Зоран Заев.
-Администрацијата ќе им служи на граѓаните и нема да им биде товар. Ја намалуваме администрацијата за 20 проценти. Во администрација ќе работат тие што се подготвени да им служат на граѓаните, најави тој на предизборен собир во Куманово.
Преведено на јазикот на бројките ова би значело дека во наредниве четири години бројот на вработените во јавниот сектор би требало да се намали за околу 2.700 лица. Односно, од минатогодишните 132.900 вработени лица во јавниот сектор бројката да спадне на околу 130.000. Дали е тоа можно и дали тоа воопшто е намерата, во случај оваа партија да победи на изборите, останува да се види.
Искуствата со изборните ветувања и администрацијата, меѓутоа, го покажуваат спротивното. Односно, после секои избори, во секоја од годините на практикувањето на власта на владеачката партија ни се случува обратното: зголемување на административците. Доволно е да се видат официјалните податоци: во 2017 година имало 128.722 вработени во јавниоот сектор, во 2018 – 132.068 и сега во 2019 – 132.900. Истовремено, се зголемувал и бројот на државните институции – за три години проаснал за 25, од 1.299 на 1.324. Наредната евиденција на Министерството за информатичко општество и амдинистрацијата за оваа, 2020 година, бездруго ќе покаже нов пораст на вработените. Познато е, во периодот кон крајот на минатата година, непосредно пред формирањето на техничката “пржинска“ влада на 3 јануари, се објавија стотици огласи за прием на нови вработени во државни служби. Тие конкурси се завршија ов текот на годинава и нововработените ќе се покажат во годинешниот биланс.
Значи, намалувањето на администрацијата никако да се случи. А токму тоа го очекуваат и бараат граѓаните. Анкетата на Институтот за политички истражувања од минатиот декември покажала дека 51,7 отсто од грѓаните сметаат дека бројот на вработени во јавната администрација треба да се намали. Зошто тоа не се прави и конкетно треба да одговорат оние кои решаваат за тоа. Но, тие, наместо конкретни чекори постојано даваат ветувања, проценти, планови за префрлање на административците во приватен сектор… што никако да почне да се остварува.
Наместо тоа јавноста е сведок на примањата во државни служби на партиски активисти кои биле ангажирани во изборните кампањи и со што има се „плаќа“ ангажманот во кампањата. А се плаќа со парите на граѓаните и што еднаш треба да се запре.