Предизборно ограбена пошта во Миладиновци

Украден сеф со 84.000 денари од пошта во село Миладиновци.

Кражбата се случила во текот на ножта помеѓу 13 и 14 октомври е е пријавена вчера во 8:40 часот во Полициското одделение Петровец.

Како што соопшти МВР, со употреба на сила и алат било влезено во објект на АД „Пошта“ во с.Миладиновци и бил одземен сеф во кој имало 84.000 денари и писма.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Пред повеќе години многу чести беа грабежите на поштенски возила, но и на поштари кои носеа пари. Неколупати овие грабежи беа многу блиску до одржување избори, па во јавноста се коментираше дека токму тие се знак дека идат избори.

Претходна вестПриведен поткупувач на гласачи од Лозово, давал пари и барал да му се потпишат
Следна вестПочна гласањето: Гласаат затворениците, заразените со ковид, старите и изнемоштени лица