Предупредување на УХМР: Од попладне па до понеделник пообилни врнежи од дожд

Облачно време со пообилни врнежи од дожд ќе настапи денеска попладне, а ќе преовладува се до понеделник воМакедонија, се наведува во денешното предупредување на Управата за хидрометеоролошки работи.

-Врнежите во западните и северозападните делови повремено ќе бидат пообилни (над 50 л/м2) и поројни, проследени со засилен ветер кој на места ќе достигнува брзина и над 70 км/час. Поради продор на постудена воздушна маса од север од вторник се очекува ново заладување со врнежи од дожд и снег на планините и на некои повисоки места, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи

Ова е резултат на циклонската активност која што се случува над нашето подрачје и на влијанието на изразена влажна воздушна маса која ќе услови облачно време. За време на оваа циклонска активност локално ќе има услови и за нестабилност проследена со поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер, локално ќе има услови и за појава на замрзнат дожд, особено во северните предели кој ќе се наоѓаат под влијание на нешто постудена воздушна маса.

На планините врнежите ќе бидат од снег и тоа особено во северните  и во северозападните предели. Ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од променлив правец.

Претходна вестТројца повредени во сообраќајката на булеварот „АСНОМ“
Следна вестЖарко Караџовски хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести