Жарко Караџовски хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести

Шест дена откако беше соопштено дека е позитивен на корона вирусот д-р Жарко Караџовски, претседател на Комисијата за заразни заболувања е префлен на лекување на Клиника за инфективни болести. Заедно со него во болница е сместена и неговата сопруга. Според информациите кои вечерва ги објави телевизијата Алсат-М тој и сопругата се лекуваат само со лекови, без потреба од кислородна терапија.

Кога на 3 јануари беше објавена веста дека Караџовски е позитивен на Ковид-19 Министерството за здравство соопшти дека тој немал контакти со други лица.

-Според епидемиолошката анкета, д-р Караџовски деновиве немал контакти со други лица од поширокото семејство,  колеги од ИЈЗ, ниту со членовите на Комисијата за заразни болести, стоеше во соопштението на МЗ.

Претходна вестПредупредување на УХМР: Од попладне па до понеделник пообилни врнежи од дожд
Следна вестТинејџерка малтретирана од 32-годишник во стан во Карпош