Тројца повредени во сообраќајката на булеварот „АСНОМ“

Едно лице е потешко повредено а уште две други се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера претпладне на булеварот „АСНОМ“ во скопската општина Аеродром. До несреќета дошло вчера околу 10,25 часот на крстосницата од булеварот „АСНОМ“ и сервисна улица кога се судриле товарното возило „фолксваген транспортер“, управувано од М.П.(34) од Скопје, и возило „сузуки балено“ управувано од Ј.Ј.(47) од с.Петровец, скопско.

-По незгодата, Ј.Ј. бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му била констатирана тешка телесна повреда, додека на возачот М.П. и неговиот сопатник Љ.П.(60) од Скопје во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ од доктор им биле констатирани повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, соопшти полицијата.

Претходна вестВо скопските ковид центри 98 слободни места
Следна вестПредупредување на УХМР: Од попладне па до понеделник пообилни врнежи од дожд