Темен режим Режим на светлина

Прегазен пешак во Скопје

Седумдесет и двегодишен пешак загинал откако во него удрил автомобил во Скопје.

Според информациите на МВР, вчера околу 08.45 часот на крстосница од ул.„Пушкинова“ со ул.„Народни херои“ во Скопје, автомобил „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(70) од Скопје, удрило во пешакот Д.К.(72) од Скопје, кој починал на местото на незгодата.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид извршила екипа од СВР Скопје.

По наредба на Јавен обвинител телото било предадено за обдукција

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Шестгодишно дете паднало од трактор и починало

Следна објава

Kласен раководител делел свидетелства наместо да седи во задолжителна самоизолација