Премиера на „Нема да биде крај на светот“ на 24 ноември во МНТ

На 24 ноември скопската публика ќе може да ужива во премиерата на „Нема да биде крај на светот“, од авторот Аднан Лугониќ, а во режија на Нина Николиќ. Ќе се игра со почеток во 20 часот во Македонскиот народен тетатар.

Во извонредната драма, главните актери, собрани под покривот на куќата во која се случил распадот на нивниот заеднички, семеен свет, сите своите индивидуални кршења си ги откриваат едни на други. Практично се работи за драма која се занимава со уривањето на интимните светови.

Инаку претставата се игра на македонски и на босански јазик, во продукција на Перипетија продукција – Скопје во копродукција со Македонскиот народен театар и Сараевскиот ратни театар – САРТР. Како креативни соработници се потпишуваат: костимографката Ивана Каранфиловска-Угуровска, сценографот Ангел Петровски, изборот на музиката и адаптацијата се на Оливер Митковски, (во претставата се користи и композицијата „Магдалена“ од Димитар Масевски), а соработник за македонски јазик е Ѓорѓи Јолевски.

На своето последно фестивалско претставување во Босна иХерцеговина, „Нема да биде крај на светот“ освоила четири награди: специјална награда за режија, наградата за најдобра актерка и актер како и специјална награда за актерска игра.

Претходна вестПредвремени избори: Разводнета или се уште реална опција?
Следна вестРазбојниците се комотни, чудо е што не почнале и полициски станици да ограбуваат