Пресадено човечко око првпат во историјата

Хирурзите во Њујорк велат дека ја направиле првата целосна трансплантација на око во светот иако не веруваат дека на нивниот пациент ќе му го врати видот. Арон Џејмс, кој доживеа незгода со струја од висок напон, беше подложен на операција, која траеше 21 час за да му се замени половина од лицето.

Хирурзите со години успешно ја пресадуваат рожницата. Експертите го нарекоа ова откритие клучен момент во потрагата за враќање на видот на милиони луѓе. Џејмс, работник на далноводи од американската сојузна држава Арканзас, изгубил поголем дел од лицето кога случајно допрел жица од 7.200 волти под напон во 2021 година.

Претходна вестМеџити: Крајно време е Обвинителството да излезе со име и презиме за случајот со Oнкологија
Следна вест„Лајка“: Рекорден број на стерилизирани кучиња во октомври – 134