Меџити: Крајно време е Обвинителството да излезе со име и презиме за случајот со Oнкологија

Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска истакна дека е крајно време Обвинителството да излезе со име и презиме за случајот Онкологија.

-Повикувам уште еднаш, апелирам за случајот со Клиниката за онкологија, крајно време е Обвинителството да излезе со точно име и презиме зошто овој костум, оваа кравата ме гушат. Да ви кажам дека ми прилега белиот мантил и од првиот ден ви кажав дека не претпочитам да бидам политичар од некоја партија, туку ќе бидам лекар и тоа и ќе останам и заедно со моите колеги и заедно со вас ќе ги подобриме работите, порача Меџити.

Министерот Меџити на денешната промоција на нова медицинска опрема и реновирани специјалистичко-консултативни амбуланти на Клиниката за неврологија оцени дека во здравството треба секој ден да гасат новонастанати жаришта и дека веќе почнале работите да се средуваат и напредуваат. Toj најави и набавка на нова магнетна резонанца на Клиниката за неврологија и целосно реновирање на ургентниот интернистички центар со тријажа.

-Ќе почне да се реновира во целост ургентниот интернистички центар со тријажа и веќе нема пациентите да талкаат по ходници, јас и мојте колеги невролози знаеме точно дека пациентите талкаат од една до друга клиника, сега ќе доаѓаат на едно место и таму ќе се третираат. Друго што можам да најавам денеска е дека ќе има нова магнетна резонанца посебно за клиниката за неврологија и за брзо ќе го распишеме тендерот. Воедно клиниката за кожни болести ќе премине во клиниката за неврофизиологија, таа ќе биде во целост адаптирана и реновирана за услови за клиниката за кожно, а клиниката на неврофизиологија ќе дојде на местото на клиниката на кожно и така постепено сите тие ќе бидат реновирани, но верувајте целиот тим работиме заедно за овие работи еднаш засекогаш да се решат, изјави Меџити.

Претходна вест„НаТочак“ реагира: Велосипедската патека на улицата „Васко Карангелески“ е под секое ниво, како рачно тапкана со лопата…
Следна вестПресадено човечко око првпат во историјата