Преспанско езеро 50 сантиметри под апсолутниот минимум, уште ли ќе се чекаат дождовите?

Врнежите кои паѓаа во изминативе денови не помогнаа многу да се подобрат водостоите на нашите најголеми езера, со исклучок на Дојранското. Состојбите и натаму се критични, а тоа го покажуваат и последните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи.

Водостојот на Преспанското Езеро е намален за еден сантиметар во однос на вчера и е за 1,52 метри понизок од повеќегодишниот просек за декември со што за 50 сантиметри го има надминато апсолутниот минимум. Понизок од просечниот е и водостојот на Охридското Езеро и тоа за 23 сантиметри и е еден сантиметар под дозволениот минимум, додека нивото на Дојранското Езеро е за 2,64 метри повисоко од просекот. Пониски од просечните за овој период од годината се и водостоите на речиси сите реки во земјава, соопшти УХМР.

Состојбата останува загрижувачка и прашање е дали и некои евентуални следни врнежи ќе помогнат да се подобрат водостоите. Тоа значи дека решенијата ќе мора да се бараат на други начин и дека е потребна е посериозна акција од страна на државните институции. Состаноци, консултации, најави во изминатиов период имаше многу. Нема најави за конкретни активности. Ќе се чека ли уште?

Претходна вестТурски државјанин уапсен во Катланово поради кражба на возило
Следна вестСкопјанка паднала во автобус и тешко се повредила