Претежно сончево со температура до 12 степени

Времето денеска во Скопје започна со сонце. Метеоролозите предвидуваат дека сончево со мала до умерена облачност ќе биде во текот на целиот ден.

Во утринските часови ќе дува слаб до умерен северен ветер, но во текот на денот ќе го промени правецот во југоисточен и ќе биде со слаб интензитет. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 2, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени, јави УХМР.

Од понеделник ќе се задржи стабилно време со пониски утрински температури, кои на повеќе места ќе се спуштаат под -5 степени. Во понеделник, како и во втората половина од следната седмица по одделни котлини ќе има појава на магла и таму температурата ќе остане пониска во текот на денот. Во вторник ќе дува умерен северен ветер.

Претходна вестРегистрирани 1.182 нови случаи на корона вирус , починаа 25 лица
Следна вестНајголем дел од содржините на TВ програмите се без никаква смисла