Претежно суво време, со умерена облачност, а локално во попладневните часови – на некои места, се очекуваат интензивни врнежи од дожд. Ваква прогноза метеоролозите предвидуваат за целиот викенд.
Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 34 степени. УВ индексот ќе изнесува 7.
Температурата во главниот град се очекува максимум до 33 степени, а попладне се појавуваат услови за краткотраен дожд.
Според денешните најави, и седмицата што следи ќе биде со нестабилна временска прогноза.