Претпладне сончево, попладне со изолирани поројни дождови и грмежи

На подрачјето на Македонија денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне ќе има изолирана појава на пороен дожд проследен со грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од 13 до 16, а дневната од 18 до 29 степени.

Во Скопје претпладне со умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата во утринските чесови ќе достигне 15, а преку ден 26 степени.

Претходна вестПриведена битолчанка, пронајдена марихуана и амфетамин
Следна вестБлажо Тодоровски се бореше против бугарскиот окупатор, а народот го запамети како добриот чичко