Претпладне стабилно и топло, попладне нестабилно

Во четврток во Македонија во претпладневните часови ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи, на повеќе места ќе има појава на невреме со обилен пороен дожд за кус временски период, грмежи, силен ветер (над 60 км/час) и град.

Вредноста на ултравиолетовото зрачење (УВ) ќе биде 7.

Утринските температури се движат од 13 до 20, додека највисоките дневни соодветено ќе бидат во опсегот меѓу 24 и 34 Целзиусови степени.

Во Скопје денеска ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време и со пороен дожд и грмежи, во делови од котлината во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, грмежи, силен ветер и појава на град. Температурата ќе достигна до 32 степени.

Претходна вестИгор Стојковски е назначен за нов директор на Клиниката за онкологија
Следна вестДел од Центар без вода