Синоќа по наредба на судија на претходна постапка направен е претрес во Тетово во домот на членот на советот на обвинители Иџет Мемети, и претрес во службените простории на советот на јавни обвинители. Сомнежот е дека истиот заедно со осомничениот судија Наке Горгиев имал влијание злоупотребувајќи ја позицијата член на Советот на јавни обвинители во случајот барање на мито за олеснителни околности за екс градоначалникот кој е во притвор Боро Петрушевски.
Иџет Мемети важи за близок до ДУИ, и беше во два мандати народен правобранител. Тој е и поранешен министер за правда, уставен судија, државен советник во Владата и член на Државната изборна комисија.
Во текот на денот се очекува какви мерки ќе бидат определени против Мемети.