Вчера, на 05.05.2023 во 11.00 часот во Куманово, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово во координација со Одделот за криминалистичка полиција ги лишиле од слобода И.М.(47) и Б.И.(46), двајцата од Куманово.
При претрес во домот на И.М., извршен со судска наредба, во кој бил затекнат и Б.И., биле пронајдени и одземени амфетамин, хероин, кокаин, марихуана, предмет со остатоци од смолеста материја и други предмети.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.