Претставничкиот дом на САД го усвои пакетот од 95 милијарди долари помош за Украина и Израел

Претставничкиот дом на САД со широка двопартиска поддршка вчера го усвои пакетот од 95 милијарди долари помош за Украина, Израел и Тајван, со што долго оспоруваното законодовство од страна на републиканските тврдокорни е на пат кон Сенатот, пренесува Ројтерс.

Законодавството вклучува 60 милијарди долари за тековната војна на Киев против инвазијата на Москва, како и 26 милијарди долари за Израел и хуманитарна помош за цивилите во конфликтните зони, вклучително и Газа, и 8 милијарди долари за Индопацифичкиот регион.

Во двопартиското гласање, 210 демократи и 101 републиканец се приклучија за да ја поддржат Украина, а 112 републиканци – мнозинството од членовите на Републиканската партија – гласаа против. Тоа дојде откако републиканскиот спикер, Мајк Џонсон, претстави низа закони наспроти жестокиот отпор во неговата сопствена Републиканска партија, од кои многумина се против трошење повеќе за одбрана на Украина.

Сенатот со демократско мнозинство се очекува да го преземе законот во вторник, а потоа да го испрати до претседателот Џо Бајден за да биде потпишан.

Веднаш по усвојувањето на нацрт-законот, украинскиот претседател Володимир Зеленски објави изјава во која изразува благодарност до двете страни „и лично до спикерот Мајк Џонсон за одлуката што ја одржува историјата на вистинскиот пат“.

-Демократијата и слободата секогаш ќе имаат глобално значење и никогаш нема да пропаднат сѐ додека Америка помага да се заштити. Виталниот предлог-закон за американска помош усвоен денеска од Домот ќе спречи проширување на војната, ќе спаси илјадници и илјадници животи и ќе им помогне на двете наши нации да станат посилни. Само со сила може да се постигне мир и безбедност. Се надеваме дека законите ќе бидат поддржани во Сенатот и ќе бидат испратени на масата на претседателот Бајден. Ти благодарам Америка!, порача Зеленски.

Претходна вестЦУК: Спасен овчар заглавен на речен остров во водите на Црна Река
Следна вестМицкоски: Нека си тера Ковачевски со тендерското единство со ДУИ