Мицкоски: Нека си тера Ковачевски со тендерското единство со ДУИ

Што мислите кому вистински му пречи национално единство и обединување на партиите околу главната цел Македонија да биде силна и средена држава. Кому му смета, па креваат глава против тоа единство? Тоа се криминалците од ДУИ, кои ги фаќа паника и страв, па побрзаа да стиснат на копчетот кое го поседуваат, а се вика Димитар Ковачевски и Стево Пендаровски, порача синоќа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на митингот во Делчево.

Тој потсети дека пред два дена повика на македонско национално единство бидејќи тоа е супстратот и идеологијата на неговата партија, зашто ВМРО е и Демократска партија за македонско национално единство.

-На овој мој повик, побрза и панично и нервозно се јави Димитар Ковачевски кој вели дека ни биле лоши работите, сме се плашеле и затоа сум повикал на единство. Не знаев досега дека страв е да се повика на македонско национално единство, затоа што сметам дека, пред се, тоа е моја патриотска должност. Па, еве јавно да одговорам. Што мислите кому вистински му пречи национално единство и обединување на партиите околу главната цел Македонија да биде силна и средена држава. Кому му смета, па креваат глава против тоа единство? Тоа се криминалците од ДУИ, кои ги фаќа паника и страв, па побрзаа да стиснат на копчетот кое го поседуваат, а се вика Димитар Ковачевски и Стево Пендаровски. Ковачевски, да беше тендер за ДУИ и Артан, веднаш ќе сфатеше, а вака ни самиот не верувам дека ја сфаќа важноста за национално единство пред налетот на ДУИ за криминализирање на Македонија. Разочаран сум од него колку грчевито се бори против националното единство. Колку гледа да им учини на ДУИ што покажува дека или е уценет или заедно делат големи проценти од криминалот. А можеби и двете, рече тој.

Претходна вестПретставничкиот дом на САД го усвои пакетот од 95 милијарди долари помош за Украина и Израел
Следна вестКовачевски: Нам не ни треба национално единство за мораториум