Приемите во ковид-центрите во Скопје сведени на 13, вкупно во болниците има 748 пациенти со ковид

Во изминатото деноноќие во ковид-центрите во Скопје има 13 нови приеми, и тоа осум пациенти во ГОБ „8 Септември“, еден на интерните и хируршки клиники и четворица на Инфективната клиника.

Вкупно се лекуваат 748 пациенти со ковид во сите ковид-центри низ земјава, а слободни има околу 920 болнички кревети.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во останатите градови најмногу пациенти има во болницата во Битола – се хоспитализирани 48 пациенти, во болницата во Штип и во Охрид се хоспитализирани 50 пациенти, на инфективното одделение во Велес се лекуваат 52 болни, а во Куманово 58 ковид-пациенти, во Прилеп 34.

Претходна вестСам сум во парк – и понатаму да носам маска?
Следна вестБензините поскапуваат