Синоќа во полициска станица од страна на две скопјанки бил пријавен тренер по карате, кој им покажувал експлицитни фотографии на малолетнички.
– На 16.01.2023 во 22.00 часот во полициска станица во Скопје две скопјанки, на возраст од 38 и 41 година, пријавиле дека за време и после тренинзите во карате клуб кои се одржувале во сала на подрачјето на Скопје, на нивните две малолетни ќерки од страна на тренерот им биле покажувани фотографии со експлицитни содржини и од нив барал да фотографираат друга малолетничка, информира МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.