Дваесет и седумгодишен охриѓанец е приведен откако агресивно се однесувал кон поранешната 43-годишна девојка. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
– Полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 27-годишен охриѓанец затоа што околу го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон неговата поранешна 43-годишна девојка, информираат од МВР.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од СВР Охрид.