Едно лице е приведено од страна на полицијата поради основано сомневање дека извршил грабеж во аптека.
–На 01.02.2021 во Скопје, Полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Е.А.(36) од Скопје, затоа што околу 20.20 часот извршил разбојништво во аптека на бул.„Видое Смилевски Бато“, при што со закана од вработената одзел сеф со пари.
Веднаш по добиената пријава, преземени се мерки и активности и Е.А. бил приведен во Полициската станица Аеродром заедно со одземените предмети, соопшти полицијата.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.