Темен режим Режим на светлина

Министерството за правда има рок 40 дена да побара екстрадиција на Игор Спасов

Министерството за правда во овој момент ги подготвува сите документи за да го поднесе барањето за екстрадиција на Игор Спасов, кој по 15 месечно бегство, вчера беше уапсен во Софија.

Од Министерството за правда велат дека целата процедура не би требало да трае повеќе од две недели.

И штипскиот суд, каде Спасов ја издржуваше 14-годишната затворска казна за убиството на Мартин Нешкоски во 2011 година, и кој му го одобри здравственото отсуство, ги собира сите документи за екстрадицијата.

-Ако лицето е во притвор државата има рок од 40 дена за поднесување барање за екстрадиција, но веруваме дека во следните денови ќе ги прибираме потребните документи и до бугарските власти ќе поднесеме барања за екстрација на лицето Игор Спасов, велат од Министерството за правда.

Според извештајите на бугарските медиуми Спасов бил уапсен вчера околу 15 часот во населбата „Младост“ во Софија по пријава за семејно насилство.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Уште седуммина ја изгубија битката со ковид во земјава, нови 407 заразени

Следна објава
Украл автомобил, украл куче и дивеел низ Штип, уапсен лажен полицаец

Приведен 36-годишен скопјанец откако одзел сеф со пари во аптека