Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози.
Поради појава на магла, има намалена видливост од 50 до 100 метри во Тетово, Д.
Капија и на планинскиот премин Ѓавато.
AМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони.
Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:


