Четириесет и две годишниот Г.Д од Прилеп кој на празникот Бадник пукал со пиштол при што ги вознемирил сограѓаните, вчера е лишен од слобода. По претресот на неговиот дом оружјето било одземено а тој приведен во полициска станица.
– Вчера во 07.50 часот, полициски службеници од Полициската станица Прилеп го лишиле од слобода Г.Д. од Прилеп. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, бил пронајден и одземен пиштол „Екол“ 9 мм. По преземени мерки и активности било утврдено дека тој за време на празникот Коледе го нарушил јавниот ред и мир, пукајќи со пиштолот, се вели во соопштението на полицијата.
По целосно документирање на случајот, против прилепчанецот ќе следи соодветен поднесок.