Приведен шверцер на мигранти од Рашче

Полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода 27-годишниот Б. А. од селото Рашче, Скопско, извести МВР.

– Во 21.15 часот тој бил затекнат со А. А. (18), мигрант од Сирија, при илегално преминување на државната граница од Република Грција во Македонија. Мигрантот бил сместен во прифатно-транзитен центар, а Б. А. бил задржан во полициска станица, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестСекоја секунда во светот се отвараат три нови веб-страници
Следна вестВечер со пијано-дуото Гелебешеви на „Охридско лето“