Двајца скопјани вчера биле уапсени од страна на полицијата која кај нив пронашла марихуна.
-На 10.12.2020 во 20.40 часот од страна на полициски службеници од СВР Скопје на крстосницата село Петровец – село Долно Коњари од слобода се лишени М.Д.(33) и Д.М.М.(35), двајцата од Скопје, бидејќи при преглед кај нив е пронајдена марихуана. По преземени мерки и согласно наредба од Основен кривичен суд Скопје, во текот на ноќва (11.12.2020) извршен е претрес во домот на Д.М.М. при што е пронајдена и одземена марихуана, соопшти полицијата.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава до надлежното обвинителство.