Со тешки повреди на рака вчера се здобила продавачка која работела во месарницата на улицата „Максут Садик“ во скопската општина Чаир.
-Во месарницата при извршување на редовни работни задачи со машина за мелење месо поради невнимание се повредила вработената С.М. (47) од Скопје. Доктор во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ констатирал тешка телесна повреда, се наведува во информацијата на полицијата.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. За настанот е известен трудов инспектор.