Темно Режим Светло Режим

Продолжува јавната дебата за Законот за високо образование

Продолжува јавната дебата за Законот за високо образование Продолжува јавната дебата за Законот за високо образование

Министерството за образование и наука од денеска започнува посети на универзитетите низ земјава во рамки на јавната расправа за новиот Закон за високо образование.

Како што најави министерката за образование и наука Весна Јаневска, ќе се одржат средби со професори и академски кадар кои сакаат да присуствуваат на јавната расправа, при што ќе се дискутираат спорните членови од законското решение.

Таа изјави дека јавната дебата сè уште трае и дека Министерството очекува официјални забелешки од универзитетите. Дел од коментарите, како што посочи, веќе пристигнуваат преку системот ЕНЕР и по електронска пошта, но се очекуваат и интегрирани ставови од високообразовните институции.

Јаневска нагласи дека сите разумни предлози ќе бидат прифатени, додека за прашањата што може да предизвикаат проблем ќе се води дополнителна дискусија со академската заедница. Според неа, во најголем дел нема сериозни забелешки, а како спорни остануваат само неколку членови за кои треба да се постигне договор.

Министерката порача дека државата мора да направи сериозен исчекор во образованието и науката и дека повеќе нема простор за просечни резултати. Таа истакна дека Министерството ќе продолжи законски и финансиски да го поддржува напредокот во овие области.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост
Повеќе активности во Собранието: Расправа за вештачка интелигенција и органско земјоделство

Повеќе активности во Собранието: Расправа за вештачка интелигенција и органско земјоделство

Следниот Пост
Поддржувачите на Навални ја одбележуваат годишнината од неговата смрт

Поддржувачите на Навални ја одбележуваат годишнината од неговата смрт