Продолжува сончево и топло време

На скопското подрачје денеска ќе преовладува сончево и топло време со слаб до умерен ветер од североисточен правец, најавуваат метеоролозите. Максималната температура ќе достигне 32 степени.

Слично време се очекува и на подрачјето на целата земја. Максималните дневни температури ќе достигнат во Маврово 26, Охрид 29, Битола 30, Крива Паланка 29, Берово 28, Кавадарци 33, Дојран 35 степени.

И за утре прогнозата е сончево и топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец и дневни температури од 26 до 35 степени.

Претходна вестОтворена изложбата „Чаршијата низ фотографиите и сликите“ во Куршумли ан
Следна вестСамо Аеродром не се оддалечува од стотина болни од корона вирусот