Променливо, нестабилно, дождливо…

Претпладне со умерена облачност, од пладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град.

Утринската температура ќе се движи од 8 до 14 а дневната од 17 до 27 степени.

Во Скопје претпладне со мала до умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град.

Температурата изутрина ќе изнесува 13 а преку ден 26 степени.

Претходна вестНад 50 лица повредени во инцидентите на северот на Косово
Следна вестЗа да нема „влијание од трети страни“ поништен огласот за избор на нов ректор на Универзитетот во Тетово