За да нема „влијание од трети страни“ поништен огласот за избор на нов ректор на Универзитетот во Тетово

Сенатот Државниот универзитет во Тетово вчера донесе одлука за поништување на тековниот оглас за избор на ректор за мандатниот период 2023-2026, објавен на 18 мај 2023, и распишување на нов оглас. Како причина за одлуката, од ДУТ ја наведуваат желбата да се спроведе избор на ректор без притисоци од јавноста“.

Во соопштението се наведува дека постапката за избор на ректор ќе ја врши Универзитетската изборна комисија, која е формирана од страна на Сенатот на Универзитетот. Иако Сенатот има право на автономија во одлуките за избор на ректор, соопштението истакнува дека критериумите што ќе бидат вклучени во новиот оглас ќе бидат само оние што се наведени дословно во Законот за високото образование.

Со оваа одлука, Сенатот на ДУТ „се обидува да гарантира институционален интегритет и да спроведе избор на ректор без влијание од трети страни“, велат од универзитетот.

Претходна вестПроменливо, нестабилно, дождливо…
Следна вестИзменет сообраќаен режим во дел од Скопје поради вежба на МВР и Американската амбасада