Променливо облачно и потопло со повремени врнежи од дожд

На подрачјето на Македонија денеска ќе биде променливо облачно и потопло со повремени врнежи од дожд, особено во западните делови каде ќе бидат пообилни. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (над 60 км/час).

Утринската температура се движеше од 3 до 8 степени, а дневната ќе биде од 10 до 17 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Температурата изутринава изнесуваше 3, а преку ден ќе достигне 13 степени.

Претходна вестРечиси два часа дел од Тетово без снабдување со електрична енергија
Следна вестДанела Арсовска назначена за претседателка на „Нова Алтернатива“