Променливо облачно со претпладневната магла по котлините

На подрачјето на Македонија денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини. Попладне од запад облачноста ќе се зголемува и преку ноќта во крајните западни делови ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Преку денот ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Температурата изутрина изнесуваше од -4 до 3 степени, а преку ден ќе биде од 5 до 15 степени.

Во Скопје променливо облачно, претпладне со појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура изнесуваше 0 степени, а дневната ќе достигне 11 степени.

 

Претходна вестГерманска компанија доби дозвола за развој на летечко такси
Следна вестСтерјовски: Се манипулира со пописот во Албанија, македонското малцинство е во опасност да исчезне