Променливо облачно со северен ветер

Во Скопје денеска ќе преовладува променливо облачно време со умерен до засилен северен ветер. Попладне ќе има услови за појава на краткотраен дожд кој понекаде ќе поминува во снег. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 6 степени.

На подрачјето на земјава ќе биде променливо облачно, од пладневните часови од запад ќе се прошират врнежи кои на пониските места ќе бидат од дожд и ќе преминуваат во снег.

На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Преку ноќта врнежите ќе престануваат. Ќе дува умерен северозападен ветер кој долж повардарието ќе засилува.

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 2, а максималната ќе достигне од 4 до 11 степени.

Претходна вестКога ќе почне реконструкцијата на салата „Партизан“?
Следна вестСнимен филм на студентот Николај Павловски во услови на пандемија