Кога ќе почне реконструкцијата на салата „Партизан“?

Откако се појави информацијата за нова спортска сала во училиштето „Јоаким Крчоски“ во Волково, соседите од Карпош веднаш изреагираа и прашуваат до кога некогашната сала „Партизан“ ќе биде само план за реконструирање.

Ајде да се потсетиме на хронологијата на најавите врзани за салата. Летоска општина Карпош соопшти дека во завршна фаза е изработката на основниот проект за нејзина реконструкција. Претходно градоначалникот Стефан Богоев дека ќе биде реставрирана, пред тоа беше вратена во сопственост на општината. Пред да се случи тоа имаше средби со авторот на проектот за нова сала, се испитуваше статиката на салата, се бираше идеен проект…

И се е засега на најави и информации, на терен се уште е старата распадната градба, која потсетува на некогашната „Партизан“.

Надлежните од општина Карпош време е да сфатат дека граѓаните очекуваат конкретен почеток на реконструкцијата, а не постојано најавување дека тоа „ќе се случи“. До крајот на мандатот на локалните власти во градот, и во општина Карпош, останува уште малку. Прашање е дали тоа време е доволно за да се заврши реконструкцијата која што им е ветена на граѓаните.

Да се надеваме дека нема да има потреба и во новата изборна програма пак да има најави дека салата ќе биде направена.

Претходна вест520 нови случаи на коронавирус, починаа 12 лицa
Следна вестПроменливо облачно со северен ветер