Променливо облачно со сончеви периоди

Времето денес во Скопје и околината ќе биде променливо облачно со умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде 7 а максималната 16 степени.

Во останатите делови од земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, a претпладне во источните делови ќе има слаб локален дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 18 степени.

Претходна вестВардар и Пелистер апелираат за мир на трибините на дербито в недела!
Следна вестАскерот не можел да го фати и кога е опколен: 150 години од раѓањето на македонскиот војвода Дејан – Карпата