Променливо облачно со температура до 20 степени

Времето на подрачјето на Македонија денес ќе биде променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди, а во западните делови значително облачно. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен и југозападен правец. Минималната температура ќе биде 2, а максималната ќе достигне до 20 степени.

Во Скопје пак, се очекува променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурите ќе се движат од 2 до 19 степени.

Претходна вестДиви сечачи нападнале шумски полицајци во прилепско, полицајците пукале за да се одбранат
Следна вестЦените на скопските пазари одат кон небото: Кромидот стаса до 80 денари, но и тоа не му е последна цена