Диви сечачи нападнале шумски полицајци во прилепско, полицајците пукале за да се одбранат

Нешто по полноќ синоќа, пред прилепското село Долнени, вработени во шумската полиција пронашле камион „ТАМ” без регистарски ознаки и го одзеле, по што биле нападнати од група диви сечачи на дрва, соопшти полицијата.
Тие биле физички нападнати од Р.М. од селото Црнилиште и уште три лица, кои со патничко возило „Фолксваген Пасат” и со тврди предмети ги оштетиле службеното и одземеното возило. Притоа, еден од вработените во шумската полиција испукал во воздух еден куршум од службениот пиштол, во знак на предупредување“, пишува во полициското соопштение.
Од МВР додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестМарш за женски права во Скопје
Следна вестПроменливо облачно со температура до 20 степени