Пронајдена муниција при претрес во охридско

По претходнo добиена судска наредба, вчера бил извршен претрес во домот на К.Н.(30) од охридското село Горно Лакочереј.

Притоа, полициските службеници од СВР Охрид, пронашле и одзеле триесет и три куршуми за автоматска пушка и три куршуми за пиштол калибар 9 милиметри, што неовластено ги поседувал.

Тој е лишен од слобода и приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вест6 починати лица, регистрирани 435 нови случаи со Коронавирус
Следна вестМакедонските ракометари ги продолжуваат подготовките пред ЕП во Скопје