Пронашол порше на оглас го платил 120.000 евра, останал и без кола и без пари

Хрватската полиција добила пријава од правно лице од Пула кое било измамено при купување на автомобил. На интернет ги пронашлe наводните претставници на фирмата со седиште во Франвушка и оглас за продажба на автомобили порше.

По договорот за купопродажба на автомобилот, правното лице на даден број на фактура уплатило сума од 120.000 евра, пренесува Курир.рс.

Бидејќи автомобилот не бил испорачан, оштетените откако провериле дека огласот на огласната табла на интернет е лажен и дека сметката на која извршиле уплата не е сопственост на компанијата, дознале и настанот го пријавиле во полиција.

Бидејќи на одредени интернет страници често се објавуваат огласи чија цел е да ги измамат клиентите, поради ова хрватската полицијата ги предупредува граѓаните да бидат повнимателни и да не наседнуваат на поволни огласи за продажба на автомобили.

Претходна вестМНР: Декларацијата на бугарското Собрание им оди во прилог на провокаторите
Следна вестИнцидент во српското собрание, опозицијата ја обвинува власта за предавство